Почина момчето кое во тешка состојба беше донесено на скопските клиники, по сообраќајката во близина на Куманово, при која на самото место починаа три момчиња.
Момчињата со своето БМВ излетале од надвозникот кај Бедињски мост во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, најверојатно, поради неприспособена брзина и со возилото паднале на коловозната лента на автопатот кој води од Скопје и Куманово кон граничниот премин „Табановце“.
По несреќата на автопатот се преврти и цистерна. Возачот на цистерната, најверојатно, се обидел да го избегне автомобилот во кој биле момчињата, при што го превртел камионот кој излетал на спротивната лента која води кон Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун