Единствениот останат македонски претставник во втората сезона на „Икс-фактор“, Боби Мојсоски, ќе пее во суперфиналето на шоуто закажано за недела. Шансите Македонија повторно да победи се големи.
Синоќа на полуфиналната вечер во Белград испаднаа двајца од осумте останати кандидати. Хрватот Антонио Грубишиќ го напушти шоуто директно бидејќи имаше најмал број гласови од публиката.
Песна за спас пееја Магдалена и дуото Аднан и Тарик, кои досега важеа за фаворити.
Сепак, одличната изведба на песната за спас ѝ ги донесе на Магдалена гласовите од жирито.
Финалето е закажано за недела во арената „Комбанк“ во Белград. Победникот добива 20.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)