| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Атина е подготвена за тежок компромис

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Атина е подготвена за „тежок компромис“ со меѓународните кредитори, кој можеби ќе подразбира нови отстапки.

– Ако стигнеме до изводлив договор, дури и тоа да биде тежок компромис, ние ќе го прифатиме предизвикот бидејќи наш единствен критериум е да излеземе од кризата, истакна Ципрас.

Атина денеска во Брисел испрати тим од своите најголеми сојузници да се обидат да постигнат договор и Грција да може да ги врати долговите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top