| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Исчезнати се две лица од Чаир и од Прилеп

Полицијата денеска соопшти дека во четврток изчезнале две лица. Едно во Прилеп, а друго во скопската општина Чаир. Исчезнувањето го пријавиле роднини.

-Вчера околу 9 часот во полициската станица во Прилеп, В.Т.(32) пријавил дека на 11.06, околу 18 часот, од дома со најава дека ќе оди на прошетка излегла В.Т.(50) од Прилеп и потоа не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

Истовремено, полицијата соопшти дека вчера во полициската станица во Чаир,е пријавено исчезнување на 15годишно девојче.

И на овој случај работи полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top