| четврток, 6 декември 2018 |

Шукер збеснал, на Хрватска и се заканува исфрлање од квалификациите за ЕП (видео)

Хрватската фудбалска репрезентација синоќа на „Пољуд“ во Сплит во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година одигра 1-1 против Италија и го задржа првото место на табелата со 14 бода пред Италија со 12 и Норвешка со 10.
Сепак сето ова може да биде залудно доколку УЕФА одлучи да ги казни „коцкестите“ по големиот инцидент што се случи на стадионот.

poljud

Кукаст крст, нацистички симбол, беше исцртан на тревникот на „Пољуд“ во Сплит на натпреварот од квалификациите меѓу Хрватска и Италија, по што, како што пренесуваат хрватските медиуми, вистински „збеснал“ и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер.

Непознати сторители неколку денови претходно со специјална хемикалија го цртале кукастиот крст со горење на тревата, притоа сето тоа да не се гледа на дневна светлина поради што вработените на „Пољуд“ не можеле да го приметат.

Од ХНС, по инцидентот, веднаш испратиле извинување поради скандалот, но како што се тврди ниту извинувањето нема да помогне многу доколку УЕФА одлучи да ги суспендира „модрите“ или да им одземе бодови во квалификациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top