| четврток, 6 декември 2018 |

Прва дискусија во еврозоната за евентуален банкрот на Грција

grcija euВисоки претставници на ЕУ за првпат официјално разгледувале евентуален банкрот на Грција, јавија западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Владини претставници кои ја подготвуваат средбата на министрите од еврозоната за следната недела, синоќа во Братислава имале заеднички став дека постојат три можни сценарија за тоа што може да се случи на крајот од месецот со Грција.

Според нив, најмалку веројатно е успешно постигнување на договор од типот: пари-за-реформи.

Втората можност е продолжување на сегашната програма за спас која завршува овој месец заедно со истекувањето на рокот во кој Грција треба да врати 1,6 милијарди евра на ММФ. Третата варијанта е дискутирана за првпат на толку високо ниво во ЕУ, а тоа е евентуален банкрот на Грција.

На средбата не се донесени решенија и не се направени заклучоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top