| четврток, 6 декември 2018 |

Ана и Швајнштајгер подготвуваат свадба во Србија

626095_ivanovic-schweinsteiger-01foto-profimedia-rs_ff

Откако испадна од Ролан Гарос, тенисерката Ана Ивановиќ престојуваше неколку дена во Србија со нејзиното момче, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а според српските медимуи, двојката ги заобиколила сите места на кои би можеле да се венчаат.

За тоа колку нивната врска е сериозна, сведочи и фактот дека Ана го запознала со родителите, како и тој неа со неговите, пишува „Блиц“, додавајќи дека мајката на славниот фудбалер ја обожава Ана. Според весникот, скоро е сигурно дека наскоро тие може да го кажат судбоносното „да“, а свадбата ќе се одржи во родната земја на Ана бидејќи Швајнштајгер е воодушевен од Србија.

Тие минатата недела цел ден ја поминале на еден војводински салаш, недалеку од Нови Сад, кој влегува во изборот за локација за венчавката. Бастијан и Ана се во врска од септември минатата година, а германскиот фудбалер е толку луд по убавата тенисерка што на копачките носи знаме од Србија и зборот „душо“, а почнал да учи и српски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top