Одличниот играч од средината на теренот на Јувентус, Андреа Пирло би можел ова лето да се пресели во МЛС-лигата во тимот на Њујорк Сити. Сепак управата на „старата дама“ се надева дека Пирло ќе остане во Торино уште една сезона и потоа ќе ја продолжи кариерата во некој друг клуб.
Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри не остава ништо на случајноста и веќе бара замена за Пирло во составот. Неговата одлука паднала на играчот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Иско, кој не се наигра за „кралскиот клуб“ оваа сезона. Алегри се надева дека Иско би бил достојна замена за Пирло во тимот.
Се очекува по одлуката на „фудбалскиот Моцарт“ каде ќе ја продолжи кариерата, Јувентус и официјално да испрати понуда до Реал Мадрид за Иско. Сепак клубот од Мадрид нема така лесно да се откаже од фудбалерот кој беше достојна замена за Лука Модриќ кога овој беше повреден и отсуствуваше од терените.
За Иско веќе подолг период се интересира и англискиот премиерлигаш Манчестер сити, чиј менаџер Мануел Пелегрини многу добро ги познава неговите квалитети уште од периодот кога соработуваа во редовите на Малага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.