Попладнево околу 18 часот во скопски Бутел, автомобил се самозапалил додека се уште бил во движење, информираат од СВР Скопје за „Република“.
Се работи за патничкото возило „форд куга“ со скопски регистарски таблички, кој гореше на раскрсницата меѓу улиците „Александар Урдаревски-Санде“ и „Кемал Сејфула“.
Повредени нема, а пожарот е локализиран.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




