| четврток, 6 декември 2018 |

Познати противниците на Вардар на подготовките за ЛШ

vardar-rabornicki-12

Шампионот на Македонија ќе игра четири пријателски натпревари на подготовките во Австрија. Вардар на 18 јуни заминува во местото Бад Тацмансдорф во хотелот „Авита“, кој беше база на нашата екипа и ланската година.

Серијата на „тестови“ Вардарци ја отвораат на 22 јуни кога ќе се сретнат со рускиот тим Терек Грозни. Станува збор за тим кој игра во најсилната Руска Премиер-Лига и минатата сезона ја заврши на деветата позиција на табелата. На истиот ден „црвено-црните“ ќе го дознаат нивниот противник во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Три дена подоцна, односно на 25 јуни, Вардар ќе ги одмери силите со Спартак Трнава од Словачка. Спартак заврши на четвртата позиција во првенството на Словачка во изминатиот шампионат.

На 29 јуни противникот на Вардар ќе биде од Унгарија. Станува збор за екипата на Пушкаш Академија, кој е актуелен прволигаш на својата земја. Оваа екипа првенството го завршија на 10 позиција на табелата.

 
„Црвено-црните“ подготовките ќе ги заврши со дуел против украински Металист Харкив. Секогаш во „сенка“ на силните Шахтјор и Динамо Киев и во последно време Днипро, Металист заврши на шестата позиција на табелата, а лани исто така во Австрија ги одмери силите со Вардар и го совлада со 3:2.

Распоред на тест дуелите на Вардар во Австрија:

 
22 јуни – Вардар – Терек Грозни (Русија),
 
25 јуни – Вардар – Спартак Трнава (Словачка),
 
29 јуни – Вардар – Пушкаш Академија (Унгарија) и
 
2 јули – Вардар – Металист Харкив (Украина)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top