| четврток, 6 декември 2018 |

Акција од 30 додавања со која Американците ги уништија светските прваци (видео)

diskerud

Синоќа во Келн се одигра пријателски натпревар меѓу светскиот првак Германија и САД. Победата ја однесоа гостите со 2-1. За да биде уште по болно за Гермнанците, селектор на САД е прославениот германски голгетер Јирген Клинсман.

Германија рано го отвори резултатот, уште во 12. минута, со голот на Марио Геце и во продолжение создаде уште неколку сериозни шанси за гол, но мрежата на САД мируваше.

dodavanja

САД го израмни резултатот со голот на Дискеруд во 41. минута со кунг-фу удар. До крајот на натпреварот Вуд беше стрелец на вториот гол за гостите во 87. минута.

Првиот гол на САД, дефинитивно, го одбележи натпреварот. Американците изведоа фантастична акција од дури 30 додавања, која ја круниса играчот на Њујорк Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top