Сите угостителски објекти во општина Гевгелија, а посебно кафулињата во центарот на градот, ќе мора да ги почитуваат законските одредби во делот на гласноста на музиката, работното време и користењето на одобрената јавна површина, беше заклучено на денешниот состанок на надлежните инпекциски служби и сопствениците на угостителските објекти.
Повод за состанокот беа оправданите реакции од граѓаните за нарушувањето на јавниот ред и мир кои најчесто се жалат на прегласната музика од кафулињата во центарот на Гевгелија особено во викенд деновите, како и поставувањето маси и столови надвор од дозволената јавна површина кои го заземаат пешачкиот простор.
Сопствениците ветија дека ќе ги почитуваат законските одредби, а инспекторите ги предупредија дека пуштањето музика со гласност над дозволените децибели и заземањето на јавни површини ќе се казнува од инспекциските служби кои највија дека ќе организираат дежурни служби за деновите од викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Бугарин го фати крстот во Гевгелија
-
Во Северна Кореја вака се забавуваат: Ова е бар во Пјонгјанг (видео)


