| четврток, 6 декември 2018 |

Како, навистина, изгледа женското тело по две породувања? (фотогалерија)

Фотографката Нели Кер-Фокс долго време по породувањето се обидувала да ги прифати промените на своето тело. Знаејќи колку е тоа тежок процес, решила да им помогне на жените, охрабрувајќи да застанат пред нејзиниот фотоапарат само во долна облека.

150611041.1_mn

По раѓањето на второто дете, Кер-Фокс не можала да го препознае својот одраз во огледалото, но сфатила дека е бесцелно да го троши времето на тага по своето поранешно тело бидејќи има поважни работи од тоа. На пример, уживање во растењето деца.

За да им покаже на жените дека лузните од мајчинството треба да се слават, ги повикала жените да се ослободат и да позираат за нејзиниот проект.

Одѕивот бил одличен, а некои од жените решиле да позираат со своите деца.

Проектот на жените им овозможил да се соочат со своите несигурности и да го прифатат своето тело.

– По снимањето, почувстував самодоверба за која не бев свесна дека ја имам. На фотографиите видов повеќе убавина отколку што очекував – изјави една од учесничките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top