| четврток, 6 декември 2018 |

Израел негира кибернетска шпионажа на иранските преговори

Израел денеска ги отфрли како неосновани тврдењата дека неговите разузнавачки агенции се одговорни за хакирање компјутери во три европски хотели, во кои се водени преговорите за иранската нуклеарна програма.

Компанијата „Касперки лаб“ вчера соопшти дека одреден шпионски софтвер прво открила во својот систем, а потоа и во компјутерите во три европски хотели, каде што се водени преговори меѓу претстанвици на Иран и шестте светски сили.

И „Касперски“ и американската безбедносна компанија „Симантек“ тврдат дека вирусот предизвикува исти последици како и шпионскиот софтвер „Дуку“, вирус, кој првпат беше идентификуван во 2011 година и за кој американски официјални лица и експерти сметаат дека е создаден од Израел.

Заменик-министерот за надворешни работи Ципи Хотовели негираше вмешаност на Израел во случајот.

– Тврдењата за вмешаноста на Израел во таа работа се неосновани, изјави таа.

Претходно и израелскиот заменик-министер за одбрана Ели Бен Дахан демантираше дека Израел спроведувал камања за кибернетска шпионажа во хотели, во кои воделе преговори за иранската нуклеарна програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top