| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров на меѓународен фестивал во Франкфурт

Никола Маџиров на 12 јуни ќе настапи на меѓународниот фестивал Франкфуртски денови на поезијата, кој се одржува од 10 до 20 јуни во Франкфурт. Тој, заедно со авторите Илма Ракуза и Алеш Штегер, ќе чита своја поезија на мајчин јазик и во превод на германски, и ќе разговара на тема „Крстосници и исцртување мапи”. Модератор на вечерта ќе биде германскиот есеист, критичар и уредник во весникот „Тагесшпиле“, Грегор Доцауер. Маџиров настапува во Франкфурт откако беше вклучен во антологијата на современата европска литература „Книжевно патување низ Европа“ објавена од германската издавачка куќа „ДТВ”, во која неговата поезија беше селектирана заедно со текстовите на нобеловците Орхан Памук и Жозе Сарамаго, на Мишел Уелбек, Мирчеа Картареску и др.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top