На 11 јуни (четврток), со почеток во 20 часот, во Куршумли-ан ќе биде презентиран јуручкиот обичај за моминска вечер „К`на Геџе“.
Настанот е замислен како театарски приказ со цел да се презентира традиционалниот турски адет, еден од највпечатливите адети од традиционалната јуручка култура во Македонја.
Ќе биде презентирана и традиционалната јуручка носија, на театрален начин ќе се презентира и адетот бричење на зетот пред свадбата.
На церемонијата „К`на Геџе“ воедно ќе бидат презентирани и традиционални сентиментлни јуручки песни и маниња од различни региони од Македонија.
Настанот е во организација на Културниот центар „Јунус Емре“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.