| четврток, 6 декември 2018 |

„Солунски патрдии“ вечерва во Куршумли-ан

Во рамките на „Скопско лето“ вечерва во Куршумли-ан ќе биде изведена претставата „Солунски патрдии“. Претставата, на која се базира и истоимената ТВ-серија од 1985 година, е работена по оргиналниот текст на Миле Поповски, а во режија на Коле Ангеловски, во актерската екипа учествуваат 13 актери од Драмскиот театар. Меѓу нив се Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Јелена Жугиќ, Игор Стојчевски и Калина Наумовска.
Во тимот се претежно актерки затоа што и машките и женските ликови ги играат актерки, освен Цанде и Сотка. Промени во сижето има само во периодот кога се случува дејството и од крајот на 19 век се сместува во 30-тите години на 20 век, односно во времето на тангото.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top