| четврток, 6 декември 2018 |

Калуѓерки три дена останале заглавени во лифт

Две калуѓерки од еден манастир во Рим три дена останале заробени во лифт, без храна и вода, објави италијанскиот весник „Месаџеро“.

kalugerka

Шеесет и деветгодишната калуѓерка родум од Нов Зеланд и нејзината десет години помлада колешка од Ирска, останале заглавени во лифтот во манастирот Марист, откако во петокот дошло до дефект во електричната инсталација.

Тие веднаш почнале да викаат за помош, но во тоа време сите други веќе биле замннати од тој дел од манстирскиот комплекс, кој во текот на викендот е празна.

Калуѓерките биле откриени дури вчера, кога се појавиле чистачките. Тие звонеле на влезот од манастирот за да им отвори некој дежурен, но кога никој не реагирал ја повикале полицијата.

Полицајците трагајќи низ манастирот, ги слушнале калуѓерките кои повикувале да бидат спасени и ги извлекле од заробениот лифт.

Двете калуѓерки за „Месаџеро“ изјавиле дека успеале да преживеат затоа што целото време, додека биле во дефектниот лифт се молеле за спас.

Калуѓерките биле итно префрлени во болница поради дехидрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top