Спортска величина како Леброн Џејмс секој тим може само да посака. Најискусниот во редовите на Кливленд кога се работи за „големи мечеви“, пред почетокот на финалната серија од НБА лигата против Голден Стејт побарал од сите свои соиграчи да дојдат на состанок кој тој го организирал.
Американските медиуми утринава информираа дека Леброн покрај краткиот говор кој го имал им подарил и часовници од брендот “Епл“ за дополнително да ги мотивира.
Тој нагласено им се заблагодарил на кошаркарите на Кливленд за пласманот во финале, и како најискусен говорел за тежината на финалето кое следи против Голден Стејт Вориорс и на крајот им ги дал часовниците.
Леброн Џејмс ја покажа својата големина, тој ги потврдува своите квалитети на теренот на секој меч, но малкумина знаат колку пријатен човек е приватно, колку ги цени и сите оние што немаат толку голема улога во тимот– изјави Џејмс Џонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.