Трајно решение за односите меѓу Белград и Приштина, како и согласност од Србија да се ослаби Република Српска ќе бидат двете основни барања на Ангела Меркел.
Конкретно, како што дознава српски „Блиц“, Германија бара Србија во „догледна иднина“ да дозволи членство на Косово во ОН, но и да ги поддржи уставните реформи во БиХ со што би се намалило влијанието на ентитетите.
Канцеларката доаѓа во посета на Белград на почетокот на јули, а овие две точки на врвот од тоа што ќе му биде пренесено на државниот врв на Србија. Според ставот на Берлин, тоа што Србија ќе овозможи членство на Косово во ОН не би значело признавање на еднострано прогласената незавосност. Тоа би било направено по моделот на „две Германии“ од времето на Студената војна до 90-тите кога источна и западна Германија формално правно не се признаваа, но и двете беа членки на ОН.
Меркел бара членство на Косово во ОН затоа што тоа е единствен начин да стане членка на Советот на Европа и ОБСЕ, како и на ЕУ. Тоа воедно би значело трајно решение на косовското прашање кое со децении ги загрозува германските интереси за стабиле Балкан.
Вториот постојан извор на нестабилност во регионот, според Германците е позицијата на Република Српска. Поради тоа Меркел ќе бара Србија да се согласи со слабеење на Република Српска, Белград јасно да се огради од Милорад Додиќ, да се спротивстави на неговиот референдум за отцепување од БиХ и да се согласи на уставни промени, кои би ги засилиле централните институции во Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба