Фантастичниот фидбалер од средниот ред на Јувентус, Андреа Пирло, би можел од следната сезона да настапува за Њујорк Сити, клубот од МЛС-лигата во САД.
Американските медиуми најавуваат дека Њујорк сака во своите редови да го види Пирло и да созаде тим за титулата во САД. Покрај Пирло во Њујорк Сити се очекува да пристигне и Френк Лампард кој беше позајмен во Манчестер Сити и Давид Виља кој е на позајмица во Мелбурн Сити.
„Старата дама“ се надева дека Пирло ќе остане во Торино и ќе диригира со тимот и следната сезона. За италијанските медиуми Андреа Пирло напомена дека солзите по поразот од Барселона во финалето на Лш не беа поради неговото простување од дрееот на Јувентус, туку израз на емоции поради загубеното финале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


