| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија се повлекува од мисијатa против ИД

A pair of U.S. Air Force F-15E Strike Eagles fly over northern IraqБелгија ќе го прекине до крајот на јуни учеството во операцијата на меѓународната коалиција против терористите од групата „Исламска држава“, изјави министерот за надворешни работи Дидие Рејндерс. Според Рејндерс буџетот на министерството за одбрана на Белгија не е со неограничени можности. Тој истакна дека мисијата „Пустински сокол“ на меѓународната коалиција се очекува да продолжи со години и белгиските војници повторно да се вклучат во борбата против ИД.

Белгија се приклучи на коалицијата минатиот септември, откако испрати во Јордан 120 војници и шест авиони Ф-16 за воздушни напади на цели во Ирак. Според Рејндерс белгиските авиони учествуваат со пет проценти во нападите врз ИД.

Од почетокот на годинава белгиските власти добија голем број закани, поради учеството во меѓународната коалиција. За првите три месеци од мисијата Федералниот буџет на земјата одобрил средства во висина од 23 милиони евра. Белгиската мисија трае 10 месеци, а одлуката за повлекување ќе биде дополнително утврдена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top