
Швајцарецот Станислас Вавринка е победник на Ролан Гарос откако во финалето славеше во четири сета, со 4-6,6-4,6-3,6-4 против првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер не успеа да се запише историјата. Тој добро го почна мечот освојувајќи го првиот сет, но се потоа следуваше пад во играта. Вавринка умешно го искористи и очигледниот замор кај противникот по маратонот во полуфиналето со Енди Мареј.
Српскиот тенисер има осум Гренслем титули, но ниту една во Париз. Тоа не му успеа ниту по денешното финале, со што не успеа да се запише како еден од ретките тенисери во историјата кои ги освоиле сите четири големи турнири.
За Ѓоковиќ и Вавринка ова беше 21-ви меѓусебен дуел, а Новак имаше досега 17 победи. Пред финалето на Ролан Гарос последен дуел имаа во полуфиналето на Австралија Опен кога Ѓоковиќ славеше со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


