| четврток, 6 декември 2018 |

Филмско бегство од затвор во Њујорк (фото+видео)

escaped-prisoners

Двајца затвореници успеале да побегнат од затворот со највисок степен за безбедност во Данемора во американската сојузна држава Њујорк, на начин кој некои медиуми го споредија со дејството од филмот „Бегство од Шошонек“.

zatvor

Како што пренесуваат американските медиуми, бегалците, 34-годишниот Дејвид Свит и 48-годишниот Ричард Мет, не само што направиле добро осмислен план за бегство од заторските ќелии, туку и на полицајците им оставиле „симпатична“ порака закачена на канализациската цевка преку која побегнале.zatvor1

Во своите кревети Свит и Мет ставиле алишта за да изгледа како да спијат, по што преку дупката во ѕидот, што сами ја ископале, стигнале до системот на подземни тунели од каде влегле во канализациска цевка, која ги одвела до шахта надвор од затворот.

На пораката што им ја оставиле за полицајците пишувало: „Ви посакуваме убав ден“.

Свит е осуден на доживотен затвор поради убиство на еден заменик-шериф, а Мет одлежува затворска казна во траење од 25 години, па до крајот на животот, без право на помилување пред 2032 година, поради убиство, киднапирање и грабеж.

zzz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top