| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Добро е да имаш Фејсбук, како што е добро да имаш машина за перење

Меѓу Фејсбукот и машина за перење веројатно не можете да најдете некои сличности, но според германската канцеларка Ангела Меркел, добро е човек да ги има и двете.

– Добро е да го имаме. Тоа е добро како што е добро да имаш авромобил ими машина за перење, изјави Меркел одговарајќи на прашњето што мисли за Фејсбукот.

– Поседувањето на Фејсбук не значи по автоматизам дека имаш добри пријатели, но може да биде корисен за одржување врски со луѓето, рече Меркел на еден собир на Лутеранската црква во Штутграт.

Инаку, ова не е прв гаф на Меркел поврзан со социјалните мрежи и интернетот. Пред две години таа беше изложена на постмев во јавноста кога говорејќи за изнаоѓањето баланс меѓу правото на лична неприкосновеност и безбедноста, изјави дека интернетот е „непозната територија за сите нас“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top