Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во вторник во Берлин најверојатно ќе се сретне со својот грчки колега Јанис Варуфакис.
Портпаролот на германското Министерство за финансии Мартин Јегер изјави дека на барање на министерот Варуфакис кој во понеделник ќе биде во Берлин на друг настан би можело да дојде до средба. Шојбле кој во понеделник не е во Берлин се уште бара термин за разговор. Варуфакис во Германија ќе пристигне со барање за разбирање на грчките проблеми, но и со тешкиот товар од заклучокот на специјалниот комитет на грчката влада чии членови пред парламентарна комисија предочиле дека Германија на Грција и должи меѓу 280 и 340 милијарди евра воени репарации од втората светска војна. Според првиот човек на комитетот Панајотис Каракусис нема писмени докази дека Грција се откажала од барањето за репарации од втората светска војна.
За време на посетата на премиерот Ципрас на Берлин пред два месеци тој на канцеларката Меркел и рекол дека Грција има морална обврска да се расчисти долгот без да прецизира колку должи Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!