Министерот за економија Беким Незири очекува дека политичката криза ќе биде надмината и оти нема негативно да влијае на економските планови на државата. Најави дека ќе бидат разгледани сите предлози од стопанството кои имаат за цел развој на економијата и ако има позитивни сугестии ќе бидат прифатени.
– Се разбира дека секоја политичка криза има негативни ефекти врз развој на економијата, но ние како држава имаме капацитет и веќе имаме конкретни резултати. Мислам дека Република Македонија ќе ја надмине оваа политичка криза и таа нема да има негативно влијание врз економските планови на нашата држава – рече Незири одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Посочи дека Министерството со кое раководи е отворено за соработка со стопанскиот сектор и најави дека доколку има позотивни предлоги за развој на економијата ќе бидат разгледани и прифатени.
– Министерството економија е отворено во континуитет особено кон стопанскиот сектор. Сите предлози кои ќе произлезат од стопанствениците и од кои било кои правни субјекти кои работат во правец на развој на економијата ние сериозно ќе ги разгледаме како Министерство за економија. Ќе бидат разгледани и на Влада и се разбира ако има позитивни идеи и сугестии ќе бидат прифатени – истакна Незири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции