| четврток, 6 декември 2018 |

„Артан Лили“: Ја ка­жу­ва­ме ви­сти­на и ши­ри­ме љу­бов

„Ар­тан Ли­ли“ втор­пат до­а­ѓа­ат во Скоп­је, отка­ко ла­ни учес­тву­ваа на „Бе­ла ноќ“. Се по­ја­ви­ја во 2013 го­ди­на со пес­на­та „Џо­ни“ и вед­наш прив­ле­коа го­лем ин­те­рес. Бел­град­ски­те ме­ди­у­ми за нив пи­шу­ва­ат де­ка до­не­соа нов дух на сце­на­та. Гру­па­та ја со­чи­ну­ва­ат Бо­јан Сла­ча­ла (пе­јач и ба­сист), Ро­ма­на Сла­ча­ла (во­кал), Дра­ган Кне­же­виќ (ги­та­ра) и Мар­ко Ај­ко­виќ (та­па­ни). Име­то на гру­па­та на­ста­на­ло на ку­ма­нов­ска­та же­лез­нич­ка ста­ни­ца ка­де што Сла­ча­ла, вра­ќај­ќи се од тур­не­ја, за­бе­ле­жал гра­фит со име­то Ар­тан, кое вед­наш би­ло инс­пи­ра­ци­ја за име­то на гру­па­та

Го­ле­ма­та бел­град­ска поп-нојс атрак­ци­ја на­ре­че­на „Ар­тан Ли­ли“ го­ди­на­ва прв­пат ќе на­ста­пи на го­ле­ма­та сце­на на „Здра­во мла­ди“, фе­сти­ва­лот на но­ва му­зи­ка, кој го ор­га­ни­зи­ра Мла­дин­ски­от кул­ту­рен цен­тар (МКЦ). Ју­би­леј­но­то, пет­то из­да­ние на „Здра­во мла­ди“ ќе се одр­жи на 7 ју­ни, пред пла­то­то на МКЦ, со це­лод­нев­на про­гра­ма, на три раз­лич­ни сце­ни.

Во из­ми­на­ти­те че­ти­ри го­ди­ни фе­сти­ва­лот ужи­ва на­гор­на по­зи­тив­на про­гре­си­ја, ка­ко про­грам­ска, та­ка и во пог­лед на зго­ле­ме­на­та по­се­те­ност и ин­те­рес од пуб­ли­ка­та.

artan lili1

„Ар­тан Ли­ли“ втор­пат до­а­ѓа­ат во Скоп­је, отка­ко ла­ни учес­тву­ваа на „Бе­ла ноќ“. Се по­ја­ви­ја во 2013 го­ди­на со пес­на­та „Џо­ни“ и вед­наш прив­ле­коа го­лем ин­те­рес. Бел­град­ски­те ме­ди­у­ми за нив пи­шу­ва­ат де­ка до­не­соа нов дух на сце­на­та. Гру­па­та ја со­чи­ну­ва­ат Бо­јан Сла­ча­ла (пе­јач и ба­сист), Ро­ма­на Сла­ча­ла (во­кал), Дра­ган Кне­же­виќ (ги­та­ра) и Мар­ко Ај­ко­виќ (та­па­ни). Име­то на гру­па­та на­ста­на­ло на ку­ма­нов­ска­та же­лез­нич­ка ста­ни­ца ка­де што Сла­ча­ла, вра­ќај­ќи се од тур­не­ја, за­бе­ле­жал гра­фит со име­то Ар­тан, кое вед­наш би­ло инс­пи­ра­ци­ја за име­то на гру­па­та. Пр­ви­от ал­бум на гру­па­та из­ле­зе во април 2014 го­ди­на, а нив­ни нај­го­ле­ми хи­то­ви се „Ако ста­не­мо ту“, „Ис­под ко­же“, „Сај­ко“, „Ср­це“. Пред кон­цер­тот во Скоп­је, „Ре­пуб­ли­ка“ раз­го­ва­ра­ше со Бо­јан Сла­ча­ла, кој е автор на тек­сто­ви­те. Иа­ко глав­ни­от во­кал е жен­ски, тоа е Ро­ма­на Сла­ча­ла, Бо­јан е тек­сто­пи­се­цот. Сти­хо­ви­те се неж­ни, но не се па­те­тич­ни, ан­га­жи­ра­ни се, но не и др­ски, раз­бир­ли­ви се, но не се по­врш­ни.

Кои се Ар­тан Ли­ли? А, исто тол­ку важ­но, што зна­чи Ар­тан Ли­ли?

Сла­ча­ла: До­а­ѓа­ме од Бел­град, сви­ри­ме нојс-поп или, по­ед­но­став­но ре­че­но, ро­ке­нрол, што зна­чи, ја ка­жу­ва­ме ви­сти­на­та и ши­ри­ме љу­бов!

Мо­мент­но ме­ди­у­ми­те во Ср­би­ја ве опи­шу­ва­ат ка­ко нај­бит­на­та но­ва срп­ска рок-гру­па. Кол­ку и Вие сме­та­те де­ка сте тоа?

Сла­ча­ла: Ни­ка­ко не са­кам од­го­во­рот на ова пра­ша­ње да го од­не­сам во на­со­ка на лаж­на скром­ност, та­ка што, не сме нај­го­ле­ми, но мо­мент­но сме нај­а­кту­ел­ни, што ќе се оби­де­ме да оста­не­ме уште дол­го, дол­го. Ква­ли­те­тот и до­бра­та за­ба­ва, се­ка­ко, ги тур­ка­ме пред сѐ…

Ин­те­рес­ни­от ри­там што го ну­ди­те, пред сѐ во пес­на­та „Ако ста­не­мо ту“, мно­гу бр­зо Ви ги отво­ри вра­ти­те од ре­ги­о­нот. Сме­та­те ли де­ка та­кви­от вид му­зи­ка мо­же да до­стиг­не го­ле­ма по­пу­лар­ност на овие про­сто­ри?

Сла­ча­ла:  Очиг­лед­но мо­же. Се раз­би­ра, оваа пес­на е хит, што е би­тен пре­дус­лов за ма­со­вен ус­пех. Важ­но е да не му се пот­пик­ну­ва­ме ни­ко­му и да го пра­ви­ме тоа што го са­ка­ме, а тоа е со­вре­ме­на му­зи­ка, т.е. до­бар риф со по­ра­ка.

artan lili

Тоа што, ве­ро­јат­но, најм­но­гу Ве изд­во­ју­ва се до­бро смис­ле­ни­те тек­сто­ви, кои се чи­ста по­е­зи­ја и во­оп­што не ли­чат на не­кој бал­кан­ски ка­лап, кој одам­на би тре­ба­ло да се исфр­ли. Ка­ко ги пи­шу­ва­те пес­ни­те? Што е тоа што Ве инс­пи­ри­ра?

Сла­ча­ла: Ви бла­го­да­рам на кон­ста­та­ци­ја­та во пр­ва­та ре­че­ни­ца. На­ши­те тек­сто­ви се се­ко­гаш ре­ак­ци­ја на оп­кру­жу­ва­ње­то во кое жи­ве­е­ме и ра­бо­ти­ме. Тоа се не­кои се­којд­нев­ни те­ми, на­ви­дум на­ив­ни, но да­ле­ку од тоа де­ка се без­о­пас­ни. Са­кам да ка­жам, нѐ за­се­га се тоа за што пе­е­ме. По­ра­ка­та е мно­гу важ­на за ро­ке­нро­лот. Без по­ра­ка сѐ се све­ду­ва на евти­на за­ба­ва од свад­бар­ски тип. Кој не го знае ова, а се за­ни­ма­ва со ро­ке­нрол, има ло­ша гру­па.

Во Бел­град се­ко­гаш се соз­да­ва­ла до­бра му­зи­ка. Кои се ва­ши­те гру­пи? На ко­ја му­зи­ка по­рас­на­вте? Да­ли се тоа, мо­же­би, „Оруж­јем про­тив от­ми­ча­ра“„Бо­је“, „ЕКВ“, Вла­да Див­љан…?

Сла­ча­ла: Чи­нам де­ка нај­пра­вил­ни­от од­го­вор би бил ком­би­на­ци­ја на но­во­сад­ска­та и на бел­град­ска шко­ла на ро­ке­нро­лот од осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Ка­ко и се­ко­гаш, из­бег­ну­вам име­ну­ва­ње за­тоа што ри­зи­ку­вам де­ка ќе за­бо­ра­вам не­кој ва­жен. Са­кам да ка­жам, се­кој мо­же да пот­пад­не под не­чие вли­ја­ние во жи­во­тот, со што и да се за­ни­ма­ва. Тие вли­ја­ни­ја се мно­гу важ­ни и тие се не­што чо­веч­ко. Ра­бо­та­та и на­пре­до­кот без вли­ја­ни­ја не се мож­ни.

Втор­пат до­а­ѓа­те во Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко би се пре­по­ра­ча­ле се­бе­си на не­кој што до­се­га не ве слу­шал?

Сла­ча­ла: До­а­ѓаш на кон­церт, про­це­ну­ваш да­ли ти се до­па­ѓа му­зи­ка­та, те за­се­га­ат ли тие те­ми за кои го­во­ри­ме во тек­сто­ви­те… тоа е нај­до­бри­от на­чин! Се раз­би­ра, ва­жен пре­дус­лов е да­ли сте си по­ми­на­ле до­бро или не. По прин­ци­пот „среќ­ни­от чо­век и во гом­на се смее“. Не­кој си по­ми­ну­ва до­бро и ко­га гру­па­та сви­ри очај­но од оваа или од таа при­чи­на, а од дру­га стра­на има и та­кви што и по­крај со­вр­ше­ни­те ус­ло­ви за свир­ка и пуб­ли­ка, не на­о­ѓа­ат ни­што ин­те­рес­но за се­бе.

Да­ли до­бро се за­ба­ву­ва­те на кон­цер­ти­те? Кој Ваш кон­церт Ви е нај­драг?

Сла­ча­ла: Сѐ што ра­бо­ти­ме, ра­бо­ти­ме со ужи­ва­ње, тоа е ос­но­ва­та на сѐ. Ме­ѓу­тоа, ние сме мла­да гру­па и сѐ уште се ба­ра­ме, гра­ди­ме шоу и сѐ по­ве­ќе ужи­ва­ме во тоа.

Што е за Вас ус­пе­шен кон­церт? Мно­гу лу­ѓе, мно­гу рас­про­да­де­ни влез­ни­ци или не­што со­се­ма дру­го?

Сла­ча­ла: Во пра­ша­ње­то е од­го­во­рот: Мно­гу лу­ѓе, мно­гу рас­про­да­де­ни влез­ни­ци и не­што со­се­ма дру­го, што на лу­ѓе­то и на влез­ни­ци­те им да­ва смис­ла.

Ро­ма­на е во­кал и единс­тве­на­та же­на во гру­па­та, ка­ко што пред мно­гу го­ди­ни Ма­ги бе­ше во „ЕКВ“. Има­ше мно­гу бел­град­ски гру­пи што имаа де­вој­ки во сво­јот со­став. Да­ли се од­не­су­ва­ат до­бро со Вас дру­ги­те чле­но­ви на гру­па­та?

Ро­ма­на: Да, по­себ­но Бо­јан Сла­ча­ла.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top