| четврток, 6 декември 2018 |

Илајџа Вуд место на 4 јуни, ќе пушта музика во Скопје на 19 ноември

Поради неможност да ги откаже, односно презакаже обврските кон една ТВ-куќа, Илајџа Вуд место на „Здраво млади“ на 4 јуни, во Скопје ќе настапи на 19 ноември 2016 година, соопшти Младинскиот културен центар (МКЦ).
– Нам ни е жал дека Хобитот ќе мораме да го почекаме до ноември, но поместувањето на датумот ќе биде објавено и на неговиот официјален профил на „Фејсбук“. Сите што имаат купено билети, може да добијат ваучер на билетарницата на МКЦ во наредните седум дена, до 19 мај и да си обезбедат бесплатен влез за настапот на „Вуден висдом“ (WOODEN WISDOM) на 19 ноември 2016 година.  Се разбира, доколку сакате постои и можност да ви бидат вратени парите, исто така на билетарницата на МКЦ, во наредните седум дена, исто така, до 19 мај – велат од МКЦ.
Билетите за „Здраво млади“ се веќе пуштени во продажба и чинат 300 денари до денот на фестивалот. На 4 јуни, цената на билетите ќе биде 400 денари.

На шестото издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ во МКЦ ќе настапат Легијата (Македонија) Ли Реналдо трио (Lee Ranaldo trio) од САД,  Мун дуо(Moon duo) од САД, Фолакзоид (FOLLAKZOID) од Чиле, Лима (LIIMA) данско-фински бенд, диџеј Фиц (DJ Fitz) од Ирска и Тајкидо (TAJCIDO ) од Албанија,

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите ќе чинат 300 денари до денот на фестивалот. На 4 јуни, цената на билетите ќе биде 400 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top