Откако вчера повеќе активисти од движењето #Протестирам ја посетија претставата „Лисистрата“, која е дел од репертоарот на Театар Комедија, театарот испрати сооштение за јавност во кое го осудува синоќешниот упад во театарот.
Тие реагираат дека организирана група влегла во театарот и го нарушила јавниот ред и мир со нивното безобразно однесување бидејќи снимале и фотографирале со своите мобилни телефони, а при напуштање на салонот лепеле налепници и ги оставале своите маски на сцената, додека претставата се одвивала на сцена.
„Со овој чин таа организирана група не само што го прекрши Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, туку стори и едно поголемо злосторство, ја осквернави сцената како место на кое се разменуваат идеи, ставови, мислења, како легитимен начин на создавање еден театарски чин, а најстрашно од сè е што во таа организирана група има театарски работници, кои би требало да ја знаат светоста на сцената и претставата и нејзиното значење во театарскиот живот. Со тоа што го нарушија нормалниот тек на претставата станаа цензори и не дозволија самата претстава да се случи онака како што авторите ја создале.
„Протестот“ не смее да биде упад во национална институција и личен протест против некого, бидејќи самата претстава е светост што никој не смее да ја наруши. Нечиј личен став или омраза спрема некој не смее да го загрози колективниот чин што го твориме. Сите ние од ансамблот ја почитуваме секоја политичка определба и сечиј став, и функционираме по максимата дека театарот не е место на кое се бијат политички битки и не е место на кое публиката искажува револт спрема некој или нешто. Поголемиот дел од нас не сме политички определени и не сакаме да не мешаат во политички игри. Ако сте против политиката во театарот не носете ја на сцена. Секој напад врз Театар Комедија е напад лично врз нас, актерите. Театарот е храм на уметноста во кој ние живееме“, се вели во соопштението на овој театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“



