| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина забележана без дијамантскиот прстен од Бред

Во текот на посетата на Африка, актерката е забележана без дијамантскиот прстен од Бред.

Анџелина Џоли во рамки на уште една хуманитарна акција ја посети Африка во текот на овој викенд, а интересно е тоа што во текот на посетата го извадила скапоцениот свршенички прстен што лани го доби од Бред Пит. На негово место ставила едноставен златен прстен.

Инаку, свршеничкиот прстен го дизајнирал самиот Бред Пит, а неговата изработка траела една година. Прстенот вреди повеќе од половина милион долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top