| четврток, 6 декември 2018 |

Како правилно се читаат декларациите на производите

05667928e5af8136a5ef935cf2892ad4_view_article

Секој производ содржи декларација, но проблемот е во тоа што многумина не разбираат што пишува на нив, а, сепак, не е мала работа да знаете што точно внесувате во организмот и дали е тоа штетно по вашето здравје.

Калории

Енергетската вредност на производот изразена во калории обично се однесува на 100 грама од производот, а не на целото пакување. Просечната, односно активната жена дневно треба да внесува до 2200 калории, додека за мажите се потребни 2900.

Маснотии

Еден производ може да содржи неколку видови маснотии-заситени, мононезаситени и полинезаситени. Заситените спаѓаат во групата на лоши масти бидејќи го зголемуваат холестеролот во крвта. Најпозната „добра“ маснотија се омега-3 масните киселини.

Адитиви

Овој збор кај сите нас буди сомнежи, но не се сите адитиви лоши. Влакната, ензимите и витамините, исто така, се адитиви, но од природно потекло.

Најголем проблем се синтетичките адитиви на кои треба да се обрне посебно внимание. За секој адитив е дефиниран дневниот внес, а како утешна информација треба да знаете дека во достапните производи има 100 пати помала количина на адитиви од оние што можат да предизвикаат серизни здравствени проблеми.

Натриум

Најмногу го има во солта, а на декларациите се изразува во количина или проценти. Прекумерната употреба може да го зголеми крвниот притисок. За да го избегнете тоа, не треба да консумирате повеќе од 3000 милиграми натриум на ден.

Протеини

Како што покажуваат истражувањата, повеќето луѓе консумираат повеќе протеини од потребното, што доведува до дебелеење, бидејќи еден грам протеин содржи 4 калории. Затоа, наместо месо, одлучете се за сирње или јогурт, бидејќи протеините од растително потекло содржат помалку маснотии.

Јагленохидрати

Тие му даваат енргија на организмот и токму затоа не се препорачува целосно да се отфрлат од исхраната. Најчесто се наоѓаат во белиот леб и тестенините, додека поздрави состојки содржи интегралниот леб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top