Постои реална надеж за решавање на кипарското прашање, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на прес-конференција по средбата во Брисел со специјалниот претеник на ОН за Кипар Еспен Барт Ајде, јави ТАСС.- За првпат по долго време постои реална надеж за постигнување на решение. Тоа всушност е можност. И јас гарантирам дека ЕП ќе направи се што е можо за поддршка на преговарачкиот процес- истакна Шулц.Специјалниот пратеник на ОН за Кипар, исто така, се согласи со претседателот на ЕП. – Јас навистина имам надеж. Се чувствува општа поддршка за решавање на прашањето. Треба да ја искористиме оваа шанса, во спротивно ќе има големо разочарување- истакна Ајде.
Преговорите за обдинување на Кипар под покровителство на ОН беа обновени на 15 мај. Лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци се договорија да усвојат мерки за градење на доверба за нов обид за решавање на конфликтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.