Британецот Енди Мареј се пласираше во полуфиналето на вториот грен-слем турнир оваа сезона Ролан Гарос и закажа меч против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ откако денеска во последното четврфинале го совлада шпанскиот тенисер Давид Ферер со 3-1 (7-6, 6-2, 5-7, 6-1) во сетови.
Мареј првиот сет го доби во тај-брејк, откако во тринаесеттиот гем славеше со 7-4 на поени иако Ферер имаше брејк поен при резултат 5-4.
Вториот сет лесно му припадна на Мареј кој успеа да направи два брејка на сервис на противникот, но тоа не значеше крај за големиот борец Феререр кој по голема борба го освои третиот сет со 7-5. Очигледно многу истрошен Ферер немаше сили да му се спротивстави на денеска одличниот Мареј и во четвртиот сет само формално беше на теренот освојувајќи само еден гем на свој сервис.
Во првото полуфинале на Ролан Гарос во машка конкуренција, силите ќе ги одмерат Жо Вилфрид Цонга и Станислас Вавринка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.