– Нивна цел е да не се спроведе мировниот договор и ова е обид да се покаже дека ситуацијата излегува од контрола- истакна Кононов.
Според Кононов во нападот на украинската армија загинале 15 лица и меѓу жртвите има проруски сили и цивили.
Претставникот на министерството за одбрана на ДНР Едуард Башурин изјави дека неговите сили не преземале никакви офанзицни акции, и дека се преземени соодветни мерки за спречување на геноцид на народот на Донбас.
Според Башурин наредба за гранатирање на градови и села на самопрогласената ДНР издале команданти на украинските вооружени сили
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.