| четврток, 6 декември 2018 |

Критики кон Турција поради гранатирањето во северна Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации ја критикуваше вчера Турција поради гранатирањето во северна Сирија, што ги поттикна стравувањата од сериозна ескалација на судирите во таа земја, каде речиси пет години има граѓанска војна.

sovet za bezbednost on

Амбасадорот на Венецуела Рафаел Рамирес изјави по состанокот зад затворени врати, одржан на барање на Русија, дека 15 членки на Советот за безбедност „изразиле загриженост поради нападот на Турција врз северна Сирија“.

– Сите членки на Советот за безбедност се согласија да побараат од Турција да го почитува меѓународното право, рече Рамирес.

Заменик-амбасадорот на Русија, Владимир Сафронков изјави дека од сојузниците на Турција во СБ побарал да испратат соодветен силен сигнал, со порака „Запрете го вашето непримерно однесување во Сирија“, пренесе Танјуг.

Сирискиот амбасадор Башар Џафари го поздрави ставот на СБ и изјави дека „некои членки дури ја осудија“ акцијата на Турција.

– Турција се обидува да ги вовлече сите во овој кошмар, во оваа ескалација, рече Џафари и додаде дека „прогласувањето на прекинот на огнот трае многу подолго од една недела“.

Турција почна со гранатирање на северна Сирија во саботата, а нејзина цел се курдските сили за кои тврди дека се поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top