| четврток, 6 декември 2018 |

ДНР: Украинската војска гранатира позиции на проруски сили во Доњецк

донецкУкраинската војска од синоќа гранатира позиции на проруските сили во регионот на Доњецк, во Источна Украина, при што се убиени 15 лица, соопшти министерот за одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк Владимир Кононов.Според Кононов акцијата на украинската војска била претходно планирана, јави ТАСС.

– Нивна цел е да не се спроведе мировниот договор и ова е обид да се покаже дека ситуацијата излегува од контрола- истакна Кононов.

Според Кононов во нападот на украинската армија загинале 15 лица и меѓу жртвите има проруски сили и цивили.

Претставникот на министерството за одбрана на ДНР Едуард Башурин изјави дека неговите сили не преземале никакви офанзицни акции, и дека се преземени соодветни мерки за спречување на геноцид на народот на Донбас.

Според Башурин наредба за гранатирање на градови и села на самопрогласената ДНР издале команданти на украинските вооружени сили

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top