„Розев дожд“ е последниот сингл од албумот „Земи ме“ на Кристина Арнаудова. Вечерва ви ја промовираме новата песна и видеоспотот за истата.
Текстот на „Розев дозд“ е дело токму на Арнаудова, а таа заедно со Бојан Трајковски, се автори и на музиката. Аранжманот на месната го изработи Бојан од „Ај кју“, а снимана е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.
Видеоспотот е изработен од Дарио Јанковиќ, а реализиран во соработка со спонзорите на Арнаудова, ,,Еурофарм“ и линијата за сончање ,,Heliocare“.
Видеото се снимаше на Матка, во волшебно опкружуваење на природните убавини, а во спотот се појавуваат и Стефан и Ива во улога на пар на кој му се случува емотивната приказна од песната. Дадар, како и секогаш беше задолжен за шминката и фризурата, а за костимите беше задолжен Небојша Толески.
– Веќе почнувам да работам на нов материјал, а се спремам и за неколку концерти низ Македонија ова лето. Очекувам веќе во септември да пуштиме нов сингл од новиот материјал, ако е се по плановите. Во исто време ја промовирам и линијата чевли ,,Кристина“ за „Шевро“, а почнав со пишување на песни и за некои мои колеги, така да овој период, како и вообичаено ќе биде доста динамичен за мене – вели Арнаудова.
Македонскаа пејачка се подготвува и за голем концерт, за кој вели ќе се случи кога целата економско-политичка ситуација во нашата земја ќе се стабилизира, бидејки во моментов, според неа, се уште нема соодветни услови за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)