| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Градиме историски проекти (ВИДЕО)

IMG_4345

Интензивно се работи на автопатот Миладиновци –Штип, каде досега пробиени се 80 проценти од трасата на автопатот.

Во моментов на новата делница во источна Македонија работат 500 лица. Во наредниот период се очекува драстично да се зголеми и бројот на механизација која ќе работи на терен.Тоа ќе биде нов автопат со вкупна должина од 47 километри.

– Задоволен сум како се одвиваат градежните работи, бидејќи имавме доста проблеми со временските услови, имаше доста врнежи од дожд и доста снег и поради тоа бевме потиснати со динамичкиот план. Но, моментално работите се довиваат одлично – изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во вестите на „Канал 5“.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top