| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје ја одбрани титулата, Аеродром ја слави четвртата титула

MZT kup na makedonija 2015 (5) (Custom)

Доминацијата на МЗТ СКопје во македонската кошарка продолжува. Аеродромци ја слават четвртата титула во клупската историја и тоа сите четири во низа.
Вечерва во третиот натпревар од финалето на плејофот МЗТ СКопје славеше победа над Куманово со 94-85 и со максимални 3-0 за заврши борбата за титула.

MZT kup na makedonija 2015 (6) (Custom)

Натпреварот се чини беше решен уште во првата четвртина кога „металците“ не знаеја да погрешат од сите позиции и успеаја да постигнат дури 34 поени наспроти 19 примени.
МЗТ Скопје одличната офанзивна игра ја продолжи и во вториот период кога дојдоа до максимални 21 кош разлика на полувремето (59-38).

MZT kup na makedonija 2015 (16) (Custom)

Во второто полувреме очекувано дојде до опуштање во играта на избраниците на Алеш Пипан, кој можеа од готово да направат вересија. По најголемото водство на МЗТ од 61-38, кумановци покажаа дека заслужено се финалето бидејќи за само неколку минути дојдоа до едоцифрена негатива, која во последниот четвртина беше намалена на само четири коша (76-72).

MZT kup na makedonija 2015 (12) (Custom)

Но тоа беше се од кумановци. До крајот МЗТ се созеде и рутински го однесе натпреварот до конечна победа од 94-85.

Најдобар поединец на дуелот беше Предраг Самарџиски со 22 поени и 11 скока, 20 поени постигна Синовец а со 16 поени дуелот го заврши Чапин. Во тимот на Куманово, Мандиќ имаше 23 поени, а со 13 поени и 7 скока мечот го заврши Костоски.

MZT kup na makedonija 2015 (3) (Custom)

За МВП на финалната серија беше прогласен двоецот бекови, македонскиот репрезентативец Марко Симоновски кој ова признание се чини си го обезбеди уште во вториот натпревар кога со кош во последната секунда го одведе својот тим до продолжение, а потоа и до победа и интернациоаналецот Сеад Шеховиќ.

MZT kup na makedonija 2015 (2) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top