| четврток, 6 декември 2018 |

Фред го спаси Бразил од пораз против Русија (видео)

Поранешниот фудбалер на Лион, сега напаѓач на Флуминензе, Фред, го спаси Бразил од пораз против Русија, со гол во последните моменти од натпреварот, игран вечерва во Лондон. Русите поведоа на „Стемфорд Бриџ“ со 1-0, со голот на Виктор Фајзулин во 73. минута, а Фред по атрактивната акција во препознатлив стил за Бразил, израмни во 90. минута. „Кариоките“ кои се рекордери со 5 титули светски првак, сеуште немаат победа, откако Фелипе Сколари се врати како селектор. Со него на клупата, Бразил има пораз од Англија и двапати реми, со Италија и сега против Русија. Бразил е организатор на следното светско првенство во 2014 година.


szólj hozzá: Brazil vs Russia 1-1 MATCH HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top