На седми јуни, на сцената на Театар Комедија со почеток во 20 часот, ќе се одигра 50. изведбана претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов, соопштија од Театарот.
Текстот на Марк Камолети веќе е влезен во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција. Претставата „Стјуардеси“ е втората претстава од реператоарот на Театар Комедија што ја има доживеано својата 50. изведба, првата е „Ах љубов моја“ која својата 50. изведба ја имаше на втори ноември 2014 година. Претставата својата премиера ја имаше на шести декември 2013 година и од тогаш до денес претставата ја виделе повеќе од 16.000 гледачи.
„Стјуардеси“ е најпродаваната претстава во Република Македонија за 2014 година и ја има добиено наградата „Златна бубмара на популарноста“ за 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“



