Во првото тримесечје од 2015 година во Македонија имало 6.749 слободни работни места. Најголемиот дел 3.543 биле во скопскиот регион.
Според податоците на Државниот завод за вработување, во вардарскиот регион имало 575 слободни работни места, во источниот 487, во југозападниот 427, југоисточниот 382, пелагонискиот 839, полошкиот 273 и во североисточниот 224 слободни работни места.
Најмногу слободни работни места има во секторот транспорт и складирање каде имало побарување за 543 нови вработувања, а најмалку слободни работни места 21 во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Од фирмите кои имале слободни работни места најзастапени се оние со вработени од 10 до 49 лица, каде според статистичките податоци имало 1.751 слободно работно место.
Меѓу професиите најбарани биле услужните дејности и продажбата за кои во првите три месеци имало 1.709 слободни работни места. Меѓу најбараните се и службениците и ракувачи и составувачи на машини и постројки.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период во Македонија имало вкупно 446.853 пополнети работни места. Најмногу 233.678 се во скопскиот регион, во пелагонискиот имало 43.809 пополнети работни места, во источниот 35.828, во вардарскиот 35.153, во југозападниот 30.157, во југоисточниот 26.154, во полошкиот 24.009 и во североисточниот 18.069 поплнети работни места
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.