| четврток, 6 декември 2018 |

Метеоролози, лекари, инженери – во АРМ има 25 слободни работни места

Министерството за одбрана го објави конкурсот за пополнување 25 работни места во Армијата на Република Македонија, од специфични дејности. На конкурсот се бараат лица што имаат завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н. офицерски курс во времетраење од шест месеци,  веднаш ќе бидат произведени во чин поручник и ќе добијат постојано вработување во Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Македонија.

Во АРМ се бараат:

1 лице за интендандантска служба – земјоделски факултет или економски факултет или технолошко-металуршки факултет (прехранбена или текстилна насока);

1 лице за метеоролошка служба – Природно-математички факултет (насока физика или метеорологија);

9 лица – доктори по општа медицина;

12 лица за техничка служба и тоа: 7 дипломирани машински инженери, 3 дипломирани електро инженери, 2 дипломирани инженери по информатичка технологија;

2 лица за финансиска служба – економски факултет.

Министерството за одбрана ги повикуваа сите лица не постари од 28 години возраст, кои ги исполнуваат условите на Конкурсот, да се пријават и да ја искористат оваа уникатна можност да бидат поручници во Армијата на Република Македонија. Крајниот рок за пријавување е 1.10.2016 година.

Сите информации можат да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top