Фубдбалскиот клуб Монако денеска објави дека нема да го продолжи договорот со бугарскиот интернационалец Димитар Бербатов.
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Тотенхем и на Фулам во Монако стигна во јануари минатата година, а последните недели беше цел на новиот премиерлигаш Борнмут.
– Монако сака да му се заблагодари на Бербатов, големиот шампион, за сѐ што направи за овој клуб. Неговиот карактер, професионализам и талент му помогнаа на тимот да ги оствари своите цели во Првата лига и во Лигата на шампионите. Монако му посакува сѐ најдобро во иднина – се вели во соопштението од Монако.
Покрај потврдата за заминувањето на Бербатов, Монако објави дека голманот Мартен Стекеленбург, кој беше на позајмица од Фулам, нема да го откупи неговиот договор и тој се враќа во редовите на англискиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.