| четврток, 6 декември 2018 |

Жена загина во несреќа со трактор

­ Во несреќа со трактор денеска загина 68 годишна жена во Демир Капија.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска информира дека несреќата се случила околу 8 часот и 15 минути во двор од куќа лоцирана на улица „Партизанска“ во Демир Капија. Паркиран трактор марка ИМТ 539 се придвижил, при што 70 годишниот Л.А. бил зафатен со задното десно тркало од тракторот, кој го завлекол во внатрешноста од тракторот, паднал на земја и се здобил со телесни повреди. ­

– На лице место била присутна и неговата 68 годишна сопруга Катерина А. која сакала да му укаже помош на сопругот, но тракторот сеуште бил во движење и таа била зафатена од задното десно тркало. Лице кое било во близина им пружило помош на двајцата сопружници и веднаш повикал Брза помош. Катерина на пат кон Ургентен центар Скопје им подлегнало на повредите, информира Стојковска.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top