| четврток, 6 декември 2018 |

Прислушувањето кое го правел Верушевски за СДСМ никогаш не запрело

verus ljubco mirkaОткако Љубчо Георгиевски посочи дека Зоран Верушевски, првоосомничениот во случајот „Пуч“, му емитувал прислушувани разговори поврзани со владите на Бранко Црвенковски во 2003 и во 2004 година, укажува дека Верушески практично и не ни запрел да прислушува. За „колекцијата“ на Верушевски неодамна во колумна сведочеше и новинарката Мирка Велиновска.

Таа во март годинава под наслов „Нема богат улов со стари бомби објави дека Верушевски, во период кога синот на Верушевски, Александар Верушевски, беше на тапет во јавноста поради проблематичното однесување, кај него дома ѝ емитувал компромитирачки материјали од државниот врв во тоа време, Радмила Шекеринска, Бранко Црвенковски и другите од кабинетот.

– Ме повика кај него дома. Во домот во тој момент беа и жена му и помалиот син. Верушевски го отвори компјутерот и ми прикажа избор од снимки: како се прославува и што се говори по објавата на „големата победа за Македонија“ во просториите на Бихаќка, ама и во домовите на некои високи македонски угледници и благонадежни државни функционери. Со свои очи видов и со свои уши слушнав извадоци од разговори на Бранко Црвенковски, Шеќеринска, Бучковски, Хари Костов и други угледници како ги озборуваат своите сопартијци што не се на забавата… Така, ексклузивно разбрав дека истовремено, тајно им го ветувал местото министер за внатрешни работи и на Верушевски и на Костов. Ама го озборува Костов, кој со закуска ги чека победниците кај него дома- пишува Велиновска.

Велиновска раскажува за конструкциите кои Верушевски ги правел со СДСМ, што посочува дека тој бил во постојана служба во корист на СДСМ.

– Ми беше кажано исто така дека тајната полиција му ја спакувала на Љупчо Георгиевски, односно на Љубе Бошковски аферата „Требош“. Ми објасни дека целта била да се избербати владата на Љубчо и партијата што беа на власт кога ни се случи фингерајката од војна. Со други зборови, на ваков начин дознав дека тајните служби си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК. Ми пушти и некои извадоци од разговори на мои колеги што ме работеле за потребите на грчки тајни служби и за тоа добивале хонорари и такви слични „бомби“, за што лично ги известив колку да си знаат што има човеков во посед- пишува Велиновска.

Токму Георгиевски во телевизиско интервју пред два месеци посочи дека СДСМ снима и ги прислушува граѓаните. Дури и додаде дека истата тројка, Верушевски, Костовски и Лазаревски која тогаш ја отворила аферата „Големото уво“, сега се истите луѓе поврзани со делови и структури на СДСМ.

-Јас сум 90 посто убеден, еве оставам 10 посто, дека оној дел во кој се министри и функционери на ВМРО е снимано од СДСМ. Цело време викам УДБА за да го заштитам СДСМ. Еве ви кажувам СДСМ снима, што сакате друго да ви кажам. Каква е конекцијата меѓу тие тројца, Верушевски, Костовски и Лазаревски со делови и структури на СДСМ, не можам до крај да ви кажам, но дел од раководството ја фаќа таа јадица. Во која држава го има тоа? 90 посто сум убеден во приказната дека Верушевски, Костовски и Лазаревски се дел од структурите кои снимале по сопствен ќеф и волја. Кога е тој момент кога се поврзале со СДСМ не го знам и не ме интересира. Но, таа тројка е истата тројка која го отвори „Големото уво“. Мене не ми требаат дополнителни факти… И мене ми направија Пуч тогаш. И тоа пред кризата во 2001 година. Тие се истите луѓе- изјави лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во интервју за ТВ 24 вести.

Неговата партија јавно ги повика челните луѓе од СДСМ што поскоро да ги објават сите разговори што ги имаат од тој карактер и потенцираше дека во некоја наредна фаза ќе проговорат и за документите кои Зоран Верушевски му ги давал на Георгиевски. Тоа отвори нова димензија на дејствувањето на Верушевски и неговата мрежа во полза на СДСМ.

Експертите коментираат дека ова значи дека Верушевски снимал цело време и доколку имал материјали што му ги дал на Георгиевски значи снимал и во време на СДСМ. Веќе е познато за јавноста дека Верушевски беше тој што му ги овозможи материјалите и од „Големото уво“ во 2001-ва на Црвенковски, што тоа значи дека постои контуинитет во ваквото негово делување. Откако оваа влада го откри незаконското прислушување на Верушевски, тогаш се поставува прашањето зошто разузнавачот претходно бил толериран и зошто бил заштитуван од СДСМ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top