Ивица Коневски останува градоначалник во Аеродром, Љупчо Колев е градоначалник во Босилево, Иван Франгов во Гевгелија, Жанета Чушевска во Градско, Ванчо Стојанов во Василево, Трајче Димитриев во Демир Капија, а Борче Стамов е новиот градоначалник на Дојран. Во Зелениково во прв круг доби Веле Груевски, а во Илинден Жика Стојановски. Во Валандово победа вчера извојува Николче Чурминовски, во Вевчани Цветом Угриновски, во Виница Емил Дончев, а во Гази Баба Тони Трајковски. Љупчо Блажевски е новиот градоначалник во Демир Хисар, на Зрновци Блаже Станков, во Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, во Конче Благој Јанчев, Кратово Мите Андоновски, Крива Паланка Арсенчо Алексовски, Кривогаштани Тони Затковски. Во Неготино градоначалник е Ванчо Апостолов, во Новаци Лазар Котевски, Ново Село Блажо Велковски, Никола Бакрачески во Охрид, во Петровец Борче Митевски, а во Пехчево Игор Поповски. Марјан Ристески останува градоначалник во Прилеп, во Пробиштип Тони Тоневски, во Радовиш Сашо Николов, а во Росоман Стојанче Лазов. Во Свети Николе мандат во првиот круг доби Зоран Тасев, а во Сопиште Стефче Трпковски. Во Чашка за фотелја во прв круг се избори Горанчо Пановски, во Чучер Сандево Јован Пејковски, а во Штип Илчо Захариев.
Во Шуто Оризари во фотелја останува Елвис Бајрам. Во Крушево нов градоначалник е Ѓорги Дамчевски, Маврово – Ростуше Мукрем Мемеди, а во Македонска Каменица, Дарко Митевски. Во Пласница пак, нов градоначалник е Исмаил Јаковски. Центар Жупа – одѕив 56,83 проценти, Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците освоил 1.844.
Од редовите на СДСМ, Зоран Заев останува во фотелјата во Струмица, а во Ранковце победа во прв круг издејствува Момчило Алексовски.
Во Боговиње градоначалник е Хазби Идризи, во Дебар Ружди Љата, Желино Фатмир Измири, Кичево Фатмир Дехари, а Липково Садула Дураку. Во Сарај победи Беким Мурати, а во Чаир Изет Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


