| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Орданоски да е писмен, како што не е, можел да се сети дека Груевски во 2008 година потпиша Договор за стратешко партнерство со САД

Груевски во 2008 година потпиша Договор за стратешко партнерство со САД, единствен таков во регионот. Да бил писмен, како што не е, Сашо Орданоски можел да се сети на тоа. Тонч!, пишува главниот и одговорен уредник на „Сител“, Драган Павловиќ- Латас во најновата колумна „Карикатура“.

latas

Понатаму, Латас во колумната додава: Плус, дека шест години по ред ЕУ и САД, па и НАТО со свој потпис тврдат дека оваа влада е прозападна, и дека ги исполнува стандардите на ЕУ и НАТО… Дури и кога некој би сакал, не би можел да ја претвори Македонија во антизападна држава барем во идните пет-десет години. А и тогаш би било можно само со косовска агресија врз Македонија затоа што овде САД и Брисел се доживуваат како патрони на Приштина и Тирана. Значи, не е тајна дека Орданоски има политички амбиции. Но, иако Сорос подземјето има големи финансиски и дипломатски ресурси, со оглед на лимитираниот интелектуален капацитет на Сашо Орданоски, тој би можел во најдобар случај да му биде потпретседател на Пендаровски. За жал на Стево кој, сепак, не заслужува таква казна, пишува Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top