За разлика од Трамп, ниту СДСМ со Заев, ниту ДУИ, а уште помалку Беса и оној Села победија на изборите. Напротив, сите тие загубија. На изборите победи ВМРО ДПМНЕ. И сега од губитници, од лузери, некој сака да направи дружина на победници. Ма немој, пишува Драган Павловиќ – Латас во својата последна колумна Затоа.
„Измамата е со продолжено дејствие. Заев, за да ја излаже јавноста повторно, на прес објави своја, а божемна програма на идната влада, иако таа влада не е ни составена.
За разлика од Трамп кој пред избори ги најави своите намери и побара поддршка, ниту СДСМ со Заев, ниту ДУИ или Беса најавија дека планираат федерализација на Македонија, двојазичност, пуштање од затвор на убијци само затоа што се Албанци, историска осуда на Срби, Бугари и Македонци за геноцид врз Албанците…
Никој, ама баш никој не гласал на избори за платформата од Тирана! Ја објавија по изборите, со што извршија сериозна изборна измама и обид за уривање на уставноста на Македонија. Сега, со најава за влада без мандат, најавуваат и обид за насилно уривање на уставот и уставниот поредок. Тоа е барем јасно како бел ден. Секому.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.